X
 28.03.2023 Живот

Откако се роди бебето, премногу сум строга кон поголемата ќерка, сѐ завршува со кавга. Што да направам?

Премногу сум строга со мојата 5-годишна ќерка. Имам и бебе од 10 месеци и во последно време поголемата почна да се лути дека бебето мора да спие неколку пати во денот (тоа ја нервира бидејќи бебето ми спие в раце, има проблем со желудочен рефлукс и морам да ја држам), постојано се труди да ја разбуди и јас пробувам да ѝ објаснам дека мора да спие. Кога ќе видам дека не ме слуша, почнувам да викам по неа, да ја навредувам (некогаш знам да кажам многу навредливи зборови) и свесна сум дека премногу ѝ викам. И потоа се каам и си велам дека е гревота, и таа е дете… Ама секој нејзин обид да не ме послуша, а тоа постојано го прави, за сѐ, на крај завршува со голема кавга. Инаку е многу паметно и интелигентно девојче. Ве молам за совет.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк



Издвојуваме

Живот