X
 29.04.2022 Стипендии

Стипендии за студии во Јапонија

Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Македонија да се пријават за:

1. Истражувачка студентска програма

https://www.studyinjapan.go.jp/en/smap-stopj-applications-research.html

2. Додипломска студентска програма

https://www.studyinjapan.go.jp/en/smap-stopj-applications-undergraduate.html

Потребната документација треба да се поднесе на англиски јазик или со официјален превод. Скенираните документи треба да се испратат до galina.strachkova@sk.mofa.go.jp (е-порака не поголема од 10MB), a оригиналните документи се поднесуваат до Амбасадата на Јапонија, соопштуваат од МОН.

25 мај 2022 година е крајниот рок за поднесување на оригиналната документација
до Амбасадата на Јапонија на адреса: „Филип Втори Македонски“ 3, Соравиа центар, кат 6, 1000 Скопје. Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за тестирање и интервјуа предвидени за средината на јуни 2022 година.

Примери за прашања од претходен писмен испит:

https://www.studyinjapan.go.jp/en/planning/scholarship/application/examination.html#1

Повеќе информации на: https://www.studyinjapan.go.jp/en/
Активен до:    31.12.2099

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Стипендии