X
 29.05.2020 Здравје

Денеска има 52 новозаболени, Филипче вели населението е недисциплинирано

Ќе се воведуваат рестриктивни мерки парцијално, во места каде што мерките не се почитуваат

На Институтот за јавно здравје денеска се регистрирани 30 оздравени пациенти и 52 новозаболени од Ковид-19. Починале четворица пациенти - од Скопје (73 г.), примен на клиниката на 21 мај и пациентка (76 г.) примена на 21 мај, пациент од Велес (82 г.) хоспитализиран на 22 мај и пациентка од Тетово (55 г.) примена на 27 мај. Во изминатите 24 часа биле направени 661 тестирања.

На прес конференцијата која е во тек, министерот за здравство Венко Филипче рече дека има голем отпор меѓу населението од кое дел е недисциплинирано.
- Мерките не се тешки за спороведување. Треба да се носи маска, да се мијат често раце и да нема блиски контакти. Рестрикривните мерки ќе се враќаат во таргетирани места каде недисциплината е најизразена – рече тој.

По градови, новозаболените се во овие градови:
- Скопје - 26
- Куманово - 6
- Штип - 7
- Тетово - 9
- Струга - 2
- Велес - 1
- Кочани - 1

Оздравеле 16 пациенти од Скопје, 10 од Тетово, двајца во Охрид и по еден во Велес и во Кратово. Досега во земјата се направени вкупно 27.684 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, бројката на оздравени пациенти е 1.516, на починати е 126, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Издвојуваме

Здравје