X
 29.06.2020 Живот

Мојата ќерка постојано плаче, ако не ѝ е добро собрана косата, ако не ѝ се наместени панталоните... Што да преземам?

Моето дете има 7,5 години, од раѓање е плачливо дете. Ме загрижува што тоа плачење сè уште е присутно. Кога и да требаше да се подготвиме за училиште, ќе почнеше да плаче зашто не ѝ била добро собрана косата, или панталоните не ѝ биле добро наместени, или лепенките од патиките не сме ги залепиле добро, или рамките од ранецот ѝ паѓале од рамената..., или какви било изговори само за да се расплаче. Истото се случува и кога треба да одиме на прошетка, на гости. Кога пишува домашна, почнува да плаче со изговори дека има многу за пишување, или ако го напише, плаче дека не е добро напишано. Секогаш е незадоволна.

Прочитајте го одговорот од Јана Зенговска, лиценциран психолог и гешталт-психотерапевт, на Деца.мк

Издвојуваме

Живот