Силпен СТ ДООЕЛ е најмодерна фабрика за производство на полиуретанска пена во регионот. Поради проширување на производниот капацитет, лоциран во Кратово, компанијата има потреба од:
Технолог (1 позиција)
Кандидатот ќе биде одговорен за:
- Управување и контролирање на параметри на машината за време на производство;
- Планирање и организација на работни активности во погонот согласно план за производство;
- Контрола на физички својства на производот;
- Усовршување на рецептури и креирање на нови според барањата на купувачите;
- Спроведување на одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа;
- Грижа за хигиена во погонот.
Барања за позицијата:
- ВСС - Технолошко-металуршки факултет, ПМФ (Хемија);
- Со или без работни искуство;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола - Б категорија;
- Одговорна, педантна личност со одлични организациски и комуникациски вештини;
- Предност за кандидати со постојано место на живеење во Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пробиштип.
Компанијата нуди:
- Динамична и професионална работна средина;
- Тимска атмосфера;
- Обуки и можност за професионално напредување.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за некоја од наведените работни позиции, испратете кратка биографија на
vrabotuvanje@sileks.com.mk, најдоцна до 07.10.2021 година.