Отворени се апликациите за стипендијата „MEXT“. Стипендијата се доделува на истакнати меѓународни студенти кои се препорачуваат од Универзитетот „Јокохама“ на јапонската Влада.
Јапонското Министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија ја обезбедува стипендијата со цел подобрување на меѓународната конкурентност и промовирање активна размена на меѓународните студенти на јапонските универзитети.
Пријавувањето трае до 15 декември.
ТУКА можете да дознаете повеќе информации.