X
 30.05.2020 Живот

Донесени протоколите за упис, приемни и други испити во прво одделение во основните училишта, во средните училишта и на високообразовните институции

Соопштението од Владата за последните усвоени Протоколи:

Владата на на денешната 58-ма седница ги разгледа и ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, Протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

На оваа своја седница на предлог на Министерството за труд и социјална политика е усвоен Протокол за активности во установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст по укинување на вонредната состојба, изработен во соработка со Комисијата за заразни болести.

Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца во градинките ги определува постапките и обврските на установите за згрижување деца од предшколска возраст, на воспитно-згрижувачкиот кадар и на родителите.
Протоколите кои се однесуваат на образованието, наскоро ќе бидат објавени.

ТУКА се сите одлуки донесени на 58-мата седница на Владата.

Издвојуваме

Живот