X
 30.09.2020 Образование

Се отвора прозорец на „Бибиверзум“ што води во нов волшебен свет

Tимот од искусни едукатори во едукативниот центар „Бибиверзум“, кој ќе работи со дечињата во новата учебна година, е максимално посветен на образовната програма по која ќе се работи во наредните месеци и на сето она што ќе биде поставено како цел во наредниот период. Докажаните професионалци влегуваат со уште поголем ентузијазам во приказната со „Бибиверзум“, целосно подготвени да им го пренесат своето знаење на дечињата и да ги научат нови животни лекции.

Онлајн-уписите за претстојната учебна година во „Бибиверзум“ се во тек. Пријавувањето е преку следниов линк https://svetotnabibi.mk/onlajn-shkolo-bibiverzum. Предвидено е да има по 10 дечиња во една група, а ќе има 12 групи. Наставата ќе се одвива двапати неделно, онлајн, а еден час ќе трае од 30 до 40 минути. Дечињата треба да се на возраст од четири до осум години и ќе учат согласно посебна образовна платформа.



Наташа Маџевска

„Образованието е потпалување на пламенот, а не товарење на бродот“, Сократ.

Се надеваме дека со изобилството активности и игри, воведувајќи ги четирите вредности: грижа, комуникација, поврзување и заедништво, кај децата-бибиверзумци ќе го потпалиме пламенот во нивниот личен раст и развој. Децата најдобро учат преку игра, а во процесот на учење играта се прифаќа како инструмент за учење. Во „Бибиверзум“ преку игра и учење на далечина децата ќе се запознаат со светот на науката, уметноста, буквите и бројките, природата и животните. Ќе ја поттикнуваме свесноста за тука и сега, да ги препознаваат емоциите и нивното правилно изразување, ќе се поттикнува способноста за љубопитност и истражување. За децата, „Бибиверзум“ е свет исполнет со игра, песна и ликови што носат радост. „Бибиверзум“ е средина во која децата учат да ја поттикнат својата љубопитност, креативност и развиваат чувство на безбедност.



Магдалена Петреска


Пред нас полека, но сигурно се отвора уште еден прозорец на едукативниот центар „Бибиверзум“. Прозорец кој ќе нè понесе во еден волшебен, несекојдневен и имагинативен свет исполнет со многу нови предизвици. Преку заедничкото дружење и предвидените активности децата ќе создадат поинакво гледиште за сè околу нив; проблемот да го претворат во предизвик и шанса; да се насочат кон решението; со љубов, трпеливо и истрајно да чекорат кон својата цел и низ тоа чекорење полека да прераснат во креативни, исполнети и реализирани личности.



Златица Апостолов

Преку интересна образовна програма подготвена од тимот на „Бибиверзум“, а актуелна за возраста на децата, најмалите ќе имаат можност да научат нови животни лекции. Предвидените цели децата ќе ги усвојуваат преку игра, истражувачки активности, а ќе има и многу дружење, пеење, цртање...
Главниот акцент на усвојувањето на целите ќе биде преку интеракцијата на децата и едукаторите, каде што ќе дојде до израз развивањето на критичкото мислење, како и развивањето на вештините концентрација, самодоверба, креативност, одговорност, трпение... Интересно е што на секој од часовите ќе бидат присутни главните јунаци на „Светот на Биби“, Биби и Боби. Се надевам дека сите заедно ќе уживаме во активностите што следуваат!



Владанка Димитрова-Урошева

Многу насмевки на детските лица. Тоа ќе се постигне штом ќе се следи индивидуалноста на секое дете, неговите интереси, потреби и пред сè неговите способности. Ќе работиме да ги развиеме нивните практични вештини, независност, самодоверба, одговорност и почит кон другите.



Борјанка Манџуковска

По многу години нема да биде важно каков автомобил и куќа сме имале, каква облека сме носеле... Но, светот би бил подобар доколку одиграме важна улога во животот на нашите деца! Затоа, токму оваа година нека биде таа што ќе ја паметиме, кога сите заедно со вложен труд, малку креативност, преку насмевки, игри и забава и многу ЉУБОВ ќе го обоиме светот на нашите деца во розово!

Издвојуваме

Образование