X
 30.09.2022 Економија

Функционален квалитетен инфраструктурен систем предуслов за квалитет на производите во регионот

(Будва, Црна Гора, 27.9.2022) Функционален квалитетен инфраструктурен систем е катализатор за подобрување на квалитетот на производите во една економија. Со добивањето на ознака за квалитет, тестираните производи можат полесно да се извезуваат на други пазари. Несомнен предуслов за зголемување на размената (увоз и извоз) на стоки на пазарите на ЦЕФТА е постоењето на силни институции кои ќе го сертифицираат квалитетот на производите и ќе обезбедат заштита на потрошувачите. Ова беше оценето на регионалниот состанок EU4Business: Поттикнување на заедничкиот регионален пазар преку квалитетна инфраструктура и е-трговија, што се одржа во Будва. Состанокот беше организиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) во рамките на проектот „Поддршка на регионалната економска интеграција“ во име на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) На состанокот беа присутни претставници на економиите на ЦЕФТА кои имаат намера да ја отворат дискусијата за развивање заедничко разбирање за конкретни активности за олеснување на трговијата со индустриски производи врз основа на признавање на сертификатот за сообразност.

Тања Бошковиќ, проект менаџер во ГИЗ, изјави дека сите напори вложени во подобрување на инфраструктурата за квалитет ги надополнуваат тековните заеднички активности со страните на ЦЕФТА за поддршка на спроведувањето на трговските реформи во регионот во согласност со барањата во процесот на приближување кон ЕУ. „Многу сме заинтересирани да разговараме за оваа важна тема, која дополнително ќе ја прошири и поддржи регионалната економска интеграција, преку компонента која има за цел да ја олесни трговијата со индустриски стоки, врз основа на сертификати за оцена на сообразност“, додаде таа. „Квалитетната инфраструктура е фундаментална за усогласување и признавање на стандардите, техничките прописи и оценките за сообразност, што директно влијае на интрарегионалната и меѓународната трговија на стоки. Покрај тоа, ефикасен инфраструктурен систем за квалитет ги штити потрошувачите од небезбедни производи, а бизнисите од непропорционални трошоци и нелојална конкуренција. Затоа регионалната соработка на ова поле не е опција, туку е императив “, заклучи таа.



Дејвид Хадсон, претставник на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при Европската комисија, елаборираше дека извозниците треба да исполнат различни стандарди за извоз на странски пазари, што ги чини време и пари, а за потрошувачите тоа значи повисоки цени. „Со создавање на заеднички регионален пазар, каде што се исполнети тестовите за потврдување на стандардите (познати како оцена на сообразност), признати целиот регион, овие трошоци се намалуваат во корист на производителите и на потрошувачите. Денеска во Црна Гора регионот работи на тоа да стане реалност“, рече тој.

Данијела Гачевиќ, од Секретаријатот на ЦЕФТА, изјави дека слободното движење на стоки е еден од клучните принципи на слободната трговија. „Отстранувањето на техничките бариери во трговијата меѓу страните на ЦЕФТА е начин да се поддржат компаниите за понатамошен развој на нивните активности. Признавањето на резултатите од процедурите за оцена на сообразност, што го прави пристапот на производите до пазарите побрз и поевтин, секако е еден ефикасен инструмент“, нагласи таа.

Преземени се важни чекори за приближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ. Заедничкиот регионален акционен план предвидува Заедничкиот регионален пазар да функционира во согласност со правото на ЕУ со цел да се обезбеди слободно движење на индустриски стоки во регионот. За ова, неопходен е целосно функционален и усогласен QI. Проектот ќе ги поддржи ЦЕФТА страните да се подобрат капацитетите на институциите за квалитетна инфраструктура за да понудат широк спектар на услуги за QI, кои треба да обезбедат фер конкуренција и заштита на потрошувачите преку подобрен систем за надзор на пазарот.

ОТВОРЕН РЕГИОНАЛЕН ФОНД ЗА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА – НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА (ORF FT)

Издвојуваме

Економија