X
 31.01.2021 Наша тема

Бејатовиќ матира и во женска и во машка категорија, што посакуваат студентите, за тежината на матурските тестови и помошта на жртвите на „Јавна соба“... Што истражувавме?

Во случај да пропуштивте...
Ви нудиме краток преглед на авторските теми што ги објавивме неделава:

Создавањето добри луѓе е она што на деформираниот модерен свет му недостига: Станува ли невозможна мисија? Се поставува прашање како да се постапи во еден ваков свет на криви огледала, во една ваква почва во која веќе ништо не е свето? Како да се посочат вистинските насоки? Како да се израсне добар човек во време во кое добрината станува хендикеп, учењето добива квалификатив на непотребност, а тивкоста на опасен белег кој не е препорачлив, загрозен од бучавата на гласните?


Леонардо Димоски од Прилеп растура на светски натпревари: „Не гледам на часовникот додека вежбам виолина!“: „Не гледам на часовникот додека вежбам виолина“, вели Леонардо Димоски, 16-годишниот виолинист од Прилеп кој успеа да освои второ место на светскиот натпревар „Persatuan Chopin Malaysia“ што се одржа деновиве во Малезија со 560 учесници од 38 држави од пет континенти.


Преквалификација, работа од дома, роботизација... Подготвени ли се Македонците за професиите на иднината по пандемијата? Колку и какви промени се наметнуваат врз општествата поради пандемијата на Ковид-19 и колку оваа здравствено-економска криза ќе биде поттик за создавање нови професии, нови дејности или, пак, напротив - ги истакнува недостатоците на одредени промени што се случуваат.

Матурските тестови ќе бидат поопшти, нема да има трик-прашања, ќе се покаже разбирање, велат од Државниот испитен центар: Прашањата што ќе се паднат ќе бидат поопшти, погенерализирани. Ќе има прашања кои треба да ги знае секој средношколец по заокружувањето на средното образование, вели директорката Наумовска.

Преодни оценки, посветени професори, повеќе пракса, поорганизирана држава и здравје. Желбите на македонските студенти пред летниот семестар: Што посакуваат студентите, како би им се олесниле и учењето и животот?

Колку од нашите здравствени работници би примиле вакцина против Ковид-19?
Здравствените работници што негативно одговориле на прашалникот, како причина зошто не сакаат да се вакцинираат најчесто наведувале дека немаат ризик од зараза од вирусот или „поради други причини“.

„Ледената“ и непредвидлива шахистка Бојана Бејатовиќ матира и во женска и во машка категорија: Титулата велемајстор ми е крајна шаховска цел: Навистина ми е мило што направија серија како „Дамски гамбит“ (The Queen’s gambit), која ги навлече луѓето на шахот. Тоа е познатиот нетфликс-ефект, односно луѓето го прават тоа што го гледаат. Во некои аспекти се пронајдов во ликот. Сето тоа ми ги врати спомените и ме потсети на поддршката која е навистина значајна, во мојот случај од родителите, вели Бојана.

Возење велосипед и пешачење се во мода! Короната ги менува навиките за превоз: Стравот од зараза бил главна причина за промена на транспортните навики, на второ место е потребата за физичка активност, а потоа и: заштитата на животната средина, заштедата на средства и други причини, посочуваат од „На точак“. Тие категорично тврдат дека корона-кризата е одлична можност да се воведат нови велосипедски ленти, да се ослободат тротоарите.

991 наставник во трка за 355 места. Кој ќе добива менторска плата? До 10 февруари ќе се проверуваат документите што ги доставиле апликантите, а потоа секој од нив треба да биде бодиран од страна на Бирото за развој на образованието, како и од училиштата.

Викајте гласно, барајте помош, најсилните лузни се прават со молчење! Психолози ги советуваат жртвите на „Јавна соба“: Психолозите алармираат дека ако навремено не се реагира последиците можат да бидат сериозни, а од тие причини, психолошката поддршка во овие случаи е исклучително важна, особено во ситуации кога општеството и институциите споро реагираат во заштита на младите девојки и жените.

Издвојуваме

Наша тема