X
 31.05.2024 Стипендии

Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година

Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија започна програма за стипендирање на државјани на Македонија за академската 2024/2025 година.

Владата на Романија доделува 5 стипендии за магистерски студии, 5 стипендии за докторски студии и 5 стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација.

Апликациите за овие стипендии треба да се достават до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 5 јули 2024 година.

Сите потребни информации за овие стипендии како и формуларот за апицирање, заинтересираните кандидати можат да ги преземат тука.

Контакт лице

Александар Тутновски

Е-маил: аleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

Тел: 076 485 053
Активен до:    05.07.2024

Издвојуваме

Стипендии