Што најмногу гуглале Македонците во 2019 година?

Што најмногу гуглале Македонците во 2019 година?

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во текот на 2019 година Македонците го користеле „Гугл“ за пребарување теми поврзани со Македонија, македонскиот јазик, за пристапување до социјалните мрежи и информативните страници и за барање работа.

Генерално во сите категории најпребарувана тема е „Северна Македонија“, по што следуваат „македонски јазик“, „.мк“ (домејн), „транслејшн“ (превод) и „Скопје“. Потоа следуваат социјалните мрежи, информативните страници итн.

Првите пет најпребарувани термини на „Гугл“ покажуваат дека Македонците најмногу ги интересираат преводите на некои зборови, социјалните мрежи и вестите. Така, на прво место е „транслејт“, па следуваат „Фејсбук“, „Гугл“, „Јутјуб“ и на крајот е „Тајм“. На шестото место на најпребарувани термини е „резултати“, потоа следуваат пребарувања поврзани со огласи, временски прогнози итн.



Во делот уметност и забава во најпребарувани теми се: Јутјуб, Северна Македонија и македонски јазик на првите три места, а потоа следуваат „филм“ и „.мк“. Најпребарувани термини во овој дел се: јутјуб, вести, мп3, вести мк и ју. Во уметноста и забавата оваа година се вмешало и вработувањето, кое е на осмото место, а за среќа, „Задруга“ оваа година е подолу на листата за разлика од лани и сега се наоѓа на 11. место.



Темите „Северна Македонија“ и „македонски јазик“ на врвот и на листата со најпребарувани од делот луѓе и општество, каде што на третото место е „хороскоп“, на четвртото „.мк“, а на петтото „Македонци“. Најпребарувани термини во овој дел се: хороскоп, Македонија, Macedonia, соновник и Стопанска банка.



Во областа работа и образование најпребарувани теми се: тест, Северна Македонија, македонски јазик, речник и работа, кои се пребарувани на англиски. Во однос на термините, најпребарувани од оваа област се: тестови, транслејт, мвр, мвр тестови и гугл.


Фото: Google (screenshot)