Ова се најчитаните теми на Факултети.мк за 2025 година
Од приказните за студентските денови до упорноста во учењето и докторирањето на 26 години и достигнувањето на титулата најдобар студент во генерацијата, животот на Шетландските Острови и невообичаените професии, зад нас оставаме уште една година полна со интересни приказни.
Во продолжение се петте најчитани теми за 2025 година на Факултети.мк. Кликнете на сликите ако сакате повторно да ги прочитате.
Првото место годинава го зазема приказната на познатата водителка Снежана Лупевска за нејзините студентски денови.
Втора најчитана тема за 2025 година беше онаа за најдобриот студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ за 2023/2024 година, Стефан Кофиловски.
Јулијана Ѓоргиевска од Неготино, која работи како тренер на екипаж за познати авиокомпании, исто така влезе во најчитаните за годинава.
Четвртата најчитана тема за 2025 е приказната на Невена Ефремова од Свети Николе, која е стоматолог и живее и работи на Шетландските Острови.
Иако објавен пред само неколку дена, разговорот со Ѓорѓина Цениќ, која на 26 години докторира во Словенија, исто така влезе во најчитаните текстови на нашиот портал за годинава.