Оглас за платена пракса во ТАРГЕТ ГРУП ДОО
Друштво за трговија и услуги ТАРГЕТ ГРУП ДОО Скопје го проширува својот тим со практикант кој би учествувал во работните процеси на компанијата во секторот за оперативни активности.
Во текот на изведбата на праксата, практикантот ќе има можност за:
- Запознавање со платформата за деловни информации – БизнисМрежа.мк (
www.biznismreza.mk) и останатите продукти на компанијата;
- Развој на своите вештини;
- Стекнување на работно искуство.
Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите:
- Да се студенти или веќе дипломирани без оглед на факултетот од кој доаѓаат;
- Комуникативност;
- Подготвеност за работа во тим;
- Да можат да ја извршуваат праксата од понеделник до петок, од 08:30 до 16:30 часот.
Праксата ќе биде со времетраење од 1 (еден) до 3 (три) месеци.
Избраниот кандидат ќе добие однапред утврден месечен надомест за спроведената пракса.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија, со назив “ПРАКСА” на следнава е-пошта:
praksa@targetgroup.mk најдоцна до 08.02.2019 година.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот круг на селекција, ќе бидат дополнително исконтактирани.