Откриен астероид со сопствени прстени како Сатурн

Откриен астероид со сопствени прстени како Сатурн

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во 2013 година астрономите првпат забележале вселенско тело кое е нешто помеѓу астероид и комета, а имало прстени како планетата Сатурн. Всушност, имало два прстена. Сега астрономите повторно го анализирале вселенското тело, познато како Чарикло, со телескопот „Џејмс Веб“ и откриле знаци за воден мраз.

Чарикло е најмалото вселенско тело со сопствени прстени кое откриено досега. Освен тоа, тоа е единственото тело со прстени што не е планета. Тоа е 51 пат помало од Земјата и се наоѓа помеѓу орбитите на Сатурн и Нептун, односно е многу далеку од Сонцето. Затоа, тешко е да се добие добар поглед на него бидејќи е во темница.

Астрономите успеале да добијат поглед на него во период кога било осветлено од некоја ѕвезда, а телескопот бил во позиција да може да направи фотографии од него. Со фотографиите астрономите потврдиле дека Чарикло има два прстена.

Астрономите потоа се обиделе да направат фотографии од вселенското тело додека сончевата светлина се рефлектирала од прстените и потврдиле присуство на вода.

Дополнителна анализа на податоците треба да открие повеќе за водата, односно дали таа е на прстените или на телото, како и причината за создавањето на прстените.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay