Египетските пирамиди изгледале сосема поинаку пред 4.500 години
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Египетските пирамиди се единственото преостанато чудо на стариот свет. Милиони луѓе секоја година ги посетуваат за да уживаат во нивната величественост, но и да се обидат да го откријат одговорот на прашањето како биле изградени без модерни алатки. И по 4.500 години од нивната изградба, тие му пркосат на времето.
Експертите тврдат дека некогаш изгледале значително поинаку. За почеток, немале песочна нијанса, туку биле изразено бели. Сите пирамиди биле обложени со фин бел варовник кој блескал под силното египетско сонце.
За изградба на Големата пирамида во Гиза биле искористени околу 6 милиони тони варовник, тврди Националниот музеј на Шкотска, кој во својата постојана изложба има еден од оригиналните варовнички блокови.
Злато на врвот
Со текот на времето, камењата биле украдени или пренаменети за други градежни работи. Некои записи упатуваат дека нивната бела варовничка обвивка почнала да исчезнува во времето на владеењето на фараонот Тутанкамон.
Врвот на пирамидите бил покриен со електрум - природна легура од сребро и злато, создадена со намерно топење на компонентите, и содржел религиозни резби.
Како навистина изгледале? Одговорот на ова прашање го дава јутјуб-видеото на Мануел Браво, кој често зборува за фасцинантни архитектонски детали низ светот.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik