Јапонија забележа рекорден број на самоубиства кај деца во 2025 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Бројот на деца што се самоубиле во 2025 година се зголемил на 532, за три повеќе отколку претходната година, која исто така беше рекордна.
Јапонија втора година по ред забележа рекорден број на самоубиства кај деца.
Прелиминарните владини податоци покажуваат дека бројот на деца што извршиле самоубиство во 2025 година достигнал 532, што е за три повеќе од претходната година.
И покрај тоа што вкупниот број на самоубиства во Јапонија опаднал, достигнувајќи 19.097 лица, првпат под 20.000, бројот на самоубиства кај деца е најголем од 1980 година, од кога се водат податоците.
Бројот на самоубиства кај деца остана над 500 годишно од времето на ковид-пандемијата.
Во 2025 година околу 352 ученици од завршните класови на средно училиште извршиле самоубиство, 170 ученици од пониските класови во средно училиште и 10 ученици од основно училиште.
Според пол, самоубиство извршиле 277 девојчиња и 255 момчиња, а проблемите поврзани со училиште, здравје и семејство се наведени како клучни фактори што придонесуваат за самоубиствата.
Бројот на самоубиства на 100.000 жители изнесувал 15,4, што е за еден помалку во споредба со претходната година.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik