Неверојатното пријателство помеѓу Марк Твен и Никола Тесла

Неверојатното пријателство помеѓу Марк Твен и Никола Тесла

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Марк Твен, според многумина, бил првиот вистински човек на книжевноста во Соединетите Американски Држави. Но, тој одвреме-навреме се претставувал и како човек на науката - или, попрактично, човек на технологијата. Имено, меѓу неговите патентирани пронајдоци била и машината за пишување што ја искористил за да напише книга, а напишал и приказна во 1898 година со која го предвидел интернетот. Со оглед на склоностите на Твен, неговата слава и времето во кое живеел, можеби не е изненадување да се дознае дека тој, исто така, се спријателил со пронаоѓачот Никола Тесла.

Тесла бил обожавател на Твен долго пред да се сретнат, наоѓајќи утеха во книгите на американскиот писател што ги читал за време на долг период на болест. Тој го припишувал своето закрепнување на смеата што му ја пружила содржината за читање, а веројатно и гледањето на животот во САД низ очите на Твен одиграло одредена улога во неговата емиграција во Америка.

До тој момент, Твен живеел во Европа, иако неговите чести посети на Њујорк значеле дека можел да ја посети лабораторијата на Тесла и да види како одат неговите најнови експерименти со електрична енергија. Таму, во 1894 година, тие направиле фотографија на која Твен држи вакуумска ламба конструирана од Тесла и напојувана од електромагнетната намотка што го носи неговото име.


- Тесла бил научник чија работа во голема мера се фокусирала околу електричната енергија, а во тоа време заработувањето за живот како научник и пронаоѓач честопати можело да значи да се биде некаков шоумен = притисок што Твен го разбирал. Историјата забележала дека Тесла му дал на Твен совет против вложување пари во неконкурентна автоматска машина за пишување, која, за жал, останала незабележана. Можеби духовните потомци на Тесла можат да се најдат денес во Силициумската долина, иновирајќи ја иднината - оние на Марк Твен сигурно се таму, обработувајќи голем број неверојатни шеми, иако со многу помалку чувство за хумор - напишал Ијан Харви во „Винтиџ њуз“.

Извор: openculture.com

Фото: Open culture screenshot/YouTube screenshot