Ќе се гради најголемиот светски центар за податоци во Јужна Кореја
Јужнокорејската влада ја одобри изградбата на најголемиот центар за податоци за вештачка интелигенција во светот, кој треба да биде изграден во провинцијата Јеоланам-до. Објектот ќе има капацитет од 3 GW, надминувајќи ги центрите за податоци на технолошките гиганти „Мајкрософт“, „Гугл“ и „Амазон“.
Се очекува да генерира почетен приход од 3,5 милијарди американски долари и да отвори околу 10.000 работни места, што значително ќе ја поттикне економијата на регионот. Со почетна инвестиција од 10 милијарди долари, вкупната вредност на проектот би можела да достигне 35 милијарди долари, позиционирајќи ја Јужна Кореја како лидер во глобалната инфраструктура за податоци.
Објектот ќе биде опремен со најсовремени компјутерски ресурси со вештачка интелигенција, што ќе го направи клучен центар за дигитални услуги од следната генерација. Изградбата ќе започне во 2025 година, а да заврши во 2028 година.
Инвестициската компанија „Сток фарм роуд“, која го надгледува развојот, потпишала Меморандум за разбирање со гувернерот на Јеоланам-до, Ким Јанг-рок.
Проектот е предводен од „Фир Хилс“, основана од наследникот на „ЛГ Електроникс“, Брајан Ку, и д-р Амин Бадр-Ел-Дин, основач на „БАДР Инвестмент“.
Двајцата лидери ја нагласуваат улогата на иницијативата во унапредувањето на позицијата на Кореја во глобалната технолошка индустрија, наведувајќи дека овој развој ќе ја револуционизира улогата на нацијата во дигиталната инфраструктура и вештачката интелигенција.
Глобалниот пазар на центри за податоци ќе достигне 438,3 милијарди долари до 2030 година
-Ова е повеќе од технолошка пресвртница. Тоа е стратешки чекор напред за глобалното технолошко лидерство на Кореја - истакнал Бадр-Ел-Дин.
-Откако од прва рака бев сведок на огромните технолошки способности на големите азиски компании, го препознавам потенцијалот на овој проект да ги издигне Кореја и регионот на ново ниво на технолошки напредок и економски просперитет - истакнал Брајан Ко.
Центарот за податоци ќе вклучува напредна инфраструктура за ладење, оптички влакна со висок пропусен опсег и системи за управување со оптоварувањето со енергија, за да се обезбеди оптимална ефикасност.
Се предвидува дека глобалниот пазар на центри за податоци ќе достигне 438,3 милијарди долари до 2030 година, поттикнат од зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и облак компјутери, а овој јужнокорејски центар за податоци ќе игра клучна улога во обликувањето на иднината на дигиталната инфраструктура, олеснување на истражувањето на вештачката интелигенција, пресметување со високи перформанси и обработка на податоци од големи размери.
Покрај тоа, „Сток фарм роуд“ планира да започне слични инфраструктурни проекти за вештачка интелигенција во Азија, Европа и САД во следните 18 месеци.
- Овој центар за податоци не е само инфраструктурен проект, туку и лансирно поле за нова дигитална индустриска револуција - додал Ку.
Извор: m.vidi.hr
Фото: Freepik