Ним им недостигаат жители, а вие сакате нов почеток: Овие места се како создадени за вас

Ним им недостигаат жители, а вие сакате нов почеток: Овие места се како создадени за вас

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако сте во потрага по нов почеток, постојат места во светот што не само што ќе ве примат со раширени раце, туку и ќе ви платат за да се преселите таму. Од живописни европски села до далечни острови, некои земји нудат финансиски стимулации за нови жители без оглед дали се работи за поттикнување на локалната економија, решавање демографски проблеми или привлекување нови таленти.

Чиле


Чиле нуди финансиска поддршка за стартап-компании што сакаат да започнат бизнис таму. Програмата обезбедува до 76.000 евра, заедно со едногодишна работна виза за основачите и нивните тимови.

Ирска


Преку програмата „Ентерпрајс Ајрланд“, Ирска обезбедува финансиска поддршка за претприемачи и мали бизниси, без разлика на државјанството на кандидатот. Дополнително, со иницијативата „Аур ливинг ајландс“ земјата им нуди до 83.000 евра на оние што ќе купат напуштена куќа на еден од нејзините острови.

Нов Зеланд


Градот Каитангата се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, па нуди финансиска поддршка од 156.000 евра и бесплатно сместување за оние што ќе се преселат и ќе работат таму.

Исланд

Преку специјална стартап-програма, Исланд нуди до 47.000 евра за претприемачи, како и едногодишна работна виза и дополнителна поддршка од локалните институции.

Португалија

Програмата „Емпрего интериор МАИС“ нуди субвенции до 5.000 евра за лица што ќе се преселат во помалку развиените региони на земјата и ќе работат таму.

Јапонија

За да ги оживее руралните подрачја, Јапонија преку програмата „Риџонал ревитализејшн“ доделува едногодишна виза и финансиска поддршка до 9.500 евра за луѓето што ќе се преселат во селата низ земјата.

Шпанија

Во селото Понга, регионот Астурија, младите парови што ќе се преселат добиваат финансиска поддршка од 3.000 евра, а дополнителни 3.000 евра за секое дете што ќе им се роди или ќе се пресели со нив. Единствен услов е да останат најмалку пет години.

selo
Фото: Wikipedia

Грција

Островот Антикитера, кој има само 50 жители, нуди куќа и месечна финансиска помош од 515 евра во текот на три години за семејствата што ќе се преселат таму.

Канада

Покраината Саскачеван нуди даночни олеснувања од 14.000 евра за дипломирани студенти што ќе одлучат да останат и да работат таму најмалку десет години.

Швајцарија

Градот Албинен нуди 50.000 евра за луѓето што ќе се преселат таму, но со услов да бидат под 45 години и да останат најмалку десет години.

САД

Некои градови, како Топека (Канзас) и Рочестер (Њујорк), нудат финансиски поттик за семејства што ќе се преселат таму.

Обединетото Кралство

Островот Сарк, дел од територијата Гурнзи, нуди финансиска поддршка до 19.000 евра и едногодишна виза за оние што ќе се преселат таму. Англија, пак, нуди 12.000 евра финансиска стимулација за наставници што ќе се доселат и ќе работат таму.

Австрија

Преку програмата „Црвена-бела-црвена карта“, Австрија им овозможува на граѓаните од земји надвор од ЕУ да добијат едногодишна виза и финансиска поддршка за живот и работа.

Италија

Неколку мали градови во Италија нудат финансиски стимулации за нови жители. Кандела, на пример, нуди 827 евра за поединци и 2.000 евра за семејства, додека Самбука ди Сицилија продава куќи за само 1 евро, но под услов тие да бидат обновени во рок од три години.

Маврициус

Оваа островска држава обезбедува 400 евра финансиска поддршка за луѓето што сакаат да започнат бизнис таму – износ што е повеќе од доволен според локалниот стандард.

Јужна Кореја, Виетнам и Тајланд

Овие земји активно привлекуваат нови жители, особено наставници, нудејќи им брза процедура за преселба и загарантирани работни места.

Извор: Net.hr
Фото: Freepik