Оженетите мажи повеќе чистат и перат алишта во домаќинствата отколку во минатото

Оженетите мажи повеќе чистат и перат алишта во домаќинствата отколку во минатото

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Историски гледано, мажените жени во Соединетите Американски Држави го преземаат поголемиот дел од перењето, готвењето и чистењето на нивните домаќинства. Но, таа родова норма се чини дека се менува, при што јазот помеѓу времето што жените и мажите го поминуваат на такви задолженија се намалил за 40 отсто во последните две децении, објавиле истражувачите во журналот „Сосиус“.

Според бројките, од 2003 до 2005 година мажените жени поминувале во просек 4,2 часа неделно во извршување традиционално женски задачи, како што се подготовка и средување на оброците, за секој 1 час кој оженетите мажи го поминале на истите задачи, според Американското истражување за користење на времето. До истражувањето од 2022-2023 година, јазот меѓу половите се намалил за мажените жени, па тие трошеле 2,5 часа на такви задолженија, за секој 1 час кај оженетите мажи потрошен на истите задачи.

Во 60-тите години мажените жени извршувале седум пати повеќе домашни работи од нивните сопрузи. До средината на 90-тите, тие бројки драстично се намалиле, при што мажените жени работеле приближно двојно повеќе домашни работи од нивните сопрузи.

Оттогаш, напредокот опаднал. Во 2003 година, на пример, жените посветувале 18,5 часа неделно на сите домашни работи - вклучително и традиционално женските задачи, како што се чистење, готвење и перење, како и грижа за деца, шопинг, работи на отворено и градинарство - во споредба со 10,1 часа неделно на женетите мажи. Дваесет години подоцна, жените трошат 17,7 часа на такви задачи во споредба со 11,2 часа неделно на оженетите мажи: дури и во 20-тите години на овој век мажените жени сè уште вршат приближно 1,6 пати повеќе домашна работа од оженетите мажи.

Но, гледањето на часовите потрошени на сите форми на домашна работа го маскира вистинскиот напредок, тврди Мелиса Милки, социолог од Универзитетот во Торонто. Покрај намалениот јаз во времето поминато на традиционално женски задолженија, часовите што оженетите мажи и мажените жени ги поминуваат во купување намирници и други потреби на домаќинството се приближуваат кон еднаквост. Родовиот јаз во часовите за згрижување деца останува голем, при што мажените жени поминуваат речиси двојно повеќе часови во грижата за своите деца отколку оженетите мажи. Но, опстојувањето на тој јаз делумно се објаснува со фактот што и мажите и жените го зголемиле времето што го поминуваат со своите деца за разлика од 2003 година.


Ограничувањето на студијата е тоа што не може да го исфрли времето што самохраните родители го трошат на такви задачи, или да го земе предвид времето потрошено на други обврски за грижа, како што е грижата за стари лица, кои обично им припаѓаат на жените, забележува тимот.

Згора на тоа, демографските промени во текот на изминатите две децении може да го објаснат сè помалото време што жените го посветуваат на домашните задачи, открил тимот. На пример, помладите омажени жени со високо образование работат помалку домашни работи од постарите, помалку образовани мажени жени. Сепак, слични демографски промени не можат да објаснат зошто мажите трошат повеќе време на домашни работи. Наместо тоа, истражувачите се сомневаат дека промената на верувањата околу она што ја сочинува работата на жените може да ја поткрепи промената на однесувањето на мажите.

Трендовите што се појавија за време на пандемијата на ковид-19 зборуваат за себе, вели Милки. Додека сите значително го зголемиле времето поминато на задолженија и грижа за децата во 2020 година, до 2023 година часовите што жените ги поминале на такви задачи во голема мера се вратиле на основната линија пред пандемијата. Но, мажите останале еднакви придонесувачи. Со други зборови, вели Милки, мажите развиле нови домашни навики и, до одреден степен, тие навики опстојуваат.


- Можете да ги гледате овие промени како вид промена од типот „полупразна чаша“ (песимизам). Но, можете да ги гледате и како вид промена од типот „полна чаша“ (оптимизам), како што покажува овој труд - заклучила таа.

Извор: sciencenews.org

Фото: Freepik