Џиновски хамбургери со златен прав во чест на новиот јапонски цар

Џиновски хамбургери со златен прав во чест на новиот јапонски цар

По повод крунисувањето на новиот јапонски император, закажано за наредниот месец, ресторан во Токио пушти во продажба хамбургери со говедско месо, големи колку фудбалска топка и со лепчињата зачинети со златен прав.

Сочната 3-килограмска „бомба“, со пречник од 25 сантиметри, исто така содржи и гускин дроб и свежи црни тартуфи. Во ресторанот „Дабова врата“ ќе може да се купи од денеска.

- Сакавме да направиме нешто за да искажеме почит кон новиот цар и новата ера за Јапонија - изјави главниот готвач Патрик Шимада.

Цената е 100.000 јапонски јени (903 долари), но со оброкот оди и шише вино.

Извор: МИА