Излезе трејлер за новиот филм на Вес Андерсон

Излезе трејлер за новиот филм на Вес Андерсон

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Вес Андерсон објави трејлер за неговиот нов филм „Астероид сити“ (Asteroid city). Андерсон го напишал сценариото заедно со Роман Копола.

Приказната се одвива во фиктивен американски пустински град во 1955 година. Во филмот играат познати актери од филмовите на Андерсон, но и Том Хенкс, Скарлет Јохансон, Брајан Кренстон, Маја Хок, Стив Карел, Марго Роби и многу други.

Филмот ќе ја има премиерата на 16 јуни.


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)