Студирај на УГД - стекни меѓународно искуство на 9 европски универзитети во 9 европски земји

Студирај на УГД - стекни меѓународно искуство на 9 европски универзитети во 9 европски земји

Со приклучувањето кон ACE²-EU Алијансата, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (УГД) стана дел од голема меѓународна универзитетска мрежа од девет универзитети од девет европски земји (Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Полска, Литванија, Латвија, Романија и, секако, Македонија). Доколку сакаш да студираш во Европа од Македонија, УГД нуди огромни можности за тебе.

Со #УГД и ACE²-EU Алијансата студентите добиваат меѓународно искуство, мобилност, практикантства и меѓународно признати дипломи. Уште за време на студиите добиваш пристап до европско образование, преку УГД како твоја матична институција.



Од 24 до 26 март годинава, во Штип, преку заеднички активности со партнерите од Европа, се утврди нов модел на високо образование. Универзитетите се обврзаа на развој на заедничка високообразовна институција, заеднички програми, зголемени мобилности, обуки и низа други можности за студентите, кои се во центарот на овој процес!



Клучни можности што студентите на УГД веќе активно ги користат се:

• Меѓународно искуство и размена: студирање, посетување обуки, размени и сл. на партнерските универзитети. Ова подразбира признати кредити, академски и личен развој.
• Еразмус+ и дополнителна финансиска поддршка: комбинација од европски програми за мобилност и Алијансата. Ова значи повеќе фондови и голем број реализирани мобилности годишно.
• Практикантства и работа на реални проекти: искуство во меѓународна средина и директна поврзаност со пазарот на труд.
• Заеднички студиски програми и меѓународно признати дипломи: развој на заеднички студиски програми и дипломи со европска релевантност.
• Флексибилно учење: комбинација од физичка мобилност и онлајн компонента за поголема достапност и приспособливост.


Зошто УГД?

Изборот на универзитет денес е воедно и избор на кариера.

Со Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип добиваш:

• меѓународно искуство за време на студиите;
• развиени вештини за пазарот на труд: комуникација, адаптација, тимска работа;
• лесен и финансиран пристап до европска академска мрежа;
• повисока вработливост.



Ова значи поголема сигурност, преку образование што носи квалитетни процеси, реални резултати и конкурентност.

УГД и Алијансата создаваат вредност и за академскиот кадар и за вработените:

• заеднички истражувања;
• учество во европски проекти;
• академска мобилност;
• пристап до фондови и др.

На овој начин активно се создава поврзана и конкурентна академска средина.

Што следува?

ACE²EU Алијансата и УГД работат на формирање заедничко правно тело со седиште во Брисел. Целта е од мрежа на универзитети да се создаде интегриран европски универзитет. Ова ќе овозможи долгорочна одржливост и развој на заеднички студиски програми, мобилности и нови образовни модели.



Затоа, доколку сакаш:

• да студираш паралелно дома и во странство;
• меѓународно призната диплома;
• можности за многубројни размени и мобилности;
• можности за пракса дома и во Европа...
истражи ги факултетите, студиските програми и можностите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.



Започни студии дома - изгради искуство во Европа.
Избери мудро, дејствувај храбро!





Повеќе информации се достапни на:


https://www.ugd.edu.mk/c/vesti-mk/
https://youtu.be/ZBVzzKMFJV8

Следете нè на:

https://www.instagram.com/ugdstip/
https://www.facebook.com/ugdstip/
https://www.youtube.com/user/UGDSTIP

(Комерцијална објава)