Научете старогрчки со 118 лекции: Бесплатен онлајн курс од „Брандејс“ и „Харвард“

Научете старогрчки со 118 лекции: Бесплатен онлајн курс од „Брандејс“ и „Харвард“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Леонард Милнер, професор по класични студии на Универзитетот „Брандејс“, и Белиси Гилеспи, која предава класични студии на колеџот „Агнес Скот“, објавиле 118 видеа на „Јутјуб“ кои ја презентираат целата содржина опфатена во два семестра од курсот „Вовед во старогрчкиот јазик на факултетско ниво“.

 

Учебникот е „Грчки: интензивен курс 2. издание“ и ако го прочитате краткиот опис на секое видео на „Јутјуб“ ќе откриете:

-каков материјал опфаќа секое видео
-кои страници се користат во учебникот.

Курсот е достапен онлајн благодарение на Харвардскиот центар за хеленистички студии, а целосната листа од видеата можете да ја проследите тука.

Извор: openculture.com

Фото: Freepik