Колку долго Боб и Даг ќе бидат во вселената пред да се вратат на Земјата?

Колку долго Боб и Даг ќе бидат во вселената пред да се вратат на Земјата?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ беше успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“, носејќи двајца американски астронаути до Меѓународната вселенска станица. Ракетата ќе стигне до Меѓународната вселенска станица за 19 часа.

Колку долго ќе престојуваат астронаутите во вселената?


Мисијата ќе трае околу 110 дена. Вселенскиот брод ѝ се приклучи на Меѓународната вселенска станица, а Боб Бенкен и Даг Харли му се приклучија на постојниот тим. Групата се состои од космонаутите Иван Вагнер и Анатолиј Иванишин и вселенскиот истражувач на НАСА, Крис Касиди.

Кога астронаутите ќе се вратат на Земјата?


„Кру Драгон“ е опремен да остане во Земјината орбита околу 110 дена; сепак, нема точни детали за тоа кога астронаутите всушност ќе се вратат на Земјата. НАСА изјави дека должината на мисијата ќе биде потврдена подоцна.. Сепак, ова ќе зависи од статусот на следното испраќање на екипа.

1
Фото: Screenshot

Како и да е, познато е дека Даг Харли ќе биде одговорен за лансирање и слетување на леталото, додека Боб Бенкен ќе раководи со слетувањето на Меѓународната вселенска станица.

Мисијата на „Спејс Екс“ во вселената ќе биде еден од најисториските моменти бидејќи првпат во историјата приватна компанија за вселенски летала ќе ги однесе луѓето во орбитата на Земјата.

Агенцијата и фановите на вселената долго време го чекаа овој момент. Соработката на „Спејс Екс“ со НАСА означува големо достигнување во јавно-приватното партнерство што го поттикнува развојот на вселенскиот лет на Земјата.

Помина долго време откако американските вселенски патници беа лансирани во орбитата од Земјата. Последната мисија со вселенско летало заврши пред речиси една деценија, во јули 2011 година.


Извор: Republicworld.com