Првата хибридна пловечка океанска платформа може да генерира електрична енергија од бранови, ветер и сонцето

Првата хибридна пловечка океанска платформа може да генерира електрична енергија од бранови, ветер и сонцето

Подготвил: Тамара Гроздановски

Знаеме дека технологијата за обновлива енергија може да произведува електрична енергија од сончевите зраци, силата на ветрот и моќта на брановите - што нè тера да се запрашаме зошто оваа нова 3 во 1 офшор-платформа не била направена уште пред 20 години.

Генераторот на поморска енергија, развиен од германската компанија „Син Пауер“, оди онаму каде што моќта на овие три сили на природата е често најсилна - океанот. Со својата опрема може да ги користи силата на водата, ветерот и сонцето.

- Модуларниот дизајн беше клучен елемент откако почнавме да развиваме поморски технологии што овозможуваат флексибилност и широк спектар на апликации - вели д-р Филип Шин, извршен директор на „Син Пауер“.

- Пловечката платформа може да обезбеди обновлива енергија на островите во светот и да придонесе за светската имплементација на офшор-фармите со ветерници - додава тој.

Прототипот, кој почнал како апликација за патент пред само 2 години, сега е стациониран на брегот на Грција. Им се нуди на компаниите за соларна енергија како златна можност да ги тестираат и демонстрираат фотоволтаичните низи поставени на флота на идните платформи.

1
Фото: Good News Network

Како што е случајот со новите енергетски решенија, дизајнот е лесен, издржлив и лесен за поправање - но платформата се крева или спушта во зависност од висината на брановите околу неа.

Кога е целосно опремена со соларни панели и ветерници, платформата може да генерира 26 киловати обновлива енергија. Далеку посигурна од ветерот и сончевата енергија, најголем дел од енергијата генерирана од платформата би произлегувала од брановите.

Многу островски заедници низ целиот свет се потпираат на преносни извори на енергија, како што се дизел-генератори или евтини електрани на јаглен - како на островот Сиберут во Индонезија, каде што локалното население било принудено да развие биоелектрични централи напојувани со бамбус за да добие енергија во малите населби. Офшор-извори како „Син Пауер“ може да понудат друг начин за добивање електрична енергија на островските заедници.

- Сега подготвуваме пловечка платформа што може да се користи како пример за да се овозможи поширок пристап за потенцијалните клиенти. Политичарите и претставниците од другите европски нации веќе ги посетија. Следната цел е оставена за наесен, кога се надеваме дека ќе можеме да почнеме со рекламирање на нашиот уникатен комплет за електроника - вели Син.

Извор: Good News Network