МОН објави конкурс за финансирање печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири

МОН објави конкурс за финансирање печатење на зборници на трудови од одржаните научни собири

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување средства за финансирање  материјални трошоци и услуги, за печатење зборници на трудови од одржаните научни собири за 2021 година.

Во конкурсот е наведено дека право на средствата за организација на научни собири имаат субјектите кои вршат научноистражувачка дејност: државните универзитети и приватните универзитети во нивните единици насочени кон наука (научни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), МАНУ, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење на научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

Пријавите и документите може да се достават до 26 ноември 2021 година на следната адреса:

Министерство за образование и наука
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

За условите и потребните документи може да се информирате ТУКА.