Оглас за пракса во правна служба во Цементарница УСЈЕ

Оглас за пракса во правна служба во Цементарница УСЈЕ

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
Објавува
ОГЛАС
ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
Во ПРАВНА СЛУЖБА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНСТКА РАБОТА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ.
Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образованието, а во насока на зголемување на можностите за вработување
на младите талентирани луѓе.

Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА во ПРАВНА СЛУЖБА

Програмата ги опфаќа следните области:
Спроведување на активности од правен аспект од значење за компанијата. Учествува во изготвување на сите видови договори со цел да се заштитат интересите на компанијата.Составува и поднесува предлози, барања и други правни акти за потребите на компанијата пред нотарите, извршителите и другите надлежни органи. Подготовка на материјали за седници на Одбор на директори и Собранието на акционери на компанијата. На дневна основа, изготвува предлог одлуки, решенија и други акти за потребите на секторите и помага во добивање документација која ја издаваат надлежните инситутции (суд, министерства, општина, регистри и слично). Следење на законските прописи поврзани со работењето на сите сектори во компанијата. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.

Квалификации на кандидатот
• Правен факултет, со 240 ЕКТС
• Работно искуство во деловно право ќе се смета за предност
• Одлично познавање на англиски јазик
• Познавање на Microsoft office апликациите
• Посветеност, мотивираност, иницијативност
• Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV)
3. Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Ангажирањето во програмата за практикантска работа трае определено време до 6
месеци, со можност за продолжување.
Учесниците во програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од
Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се каде заинтересираните
кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат
потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју