Се бара лице што ќе ги тестира ноќните возови во Европа

Се бара лице што ќе ги тестира ноќните возови во Европа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Патувањето со воз повторно е во мода. Неодамна беше најавено воведување на нови ноќни возови низ Европа со кои можете да видите повеќе земји без да плаќате хотелско сместување.

Една компанија за чување багаж, „Радикал стореџ“, бара кандидат кој ќе тестира ноќни возови во Европа во период од еден месец. Кандидатите мора да имаат над 18 години и да може легално да патуваат низ Европа.

Одбраното лице само ќе го планира патувањето и ќе пишува рецензии за ноќните возови на блог. Платата е 575 евра, но ќе добие и пропусница за користење на сите возови во Европа во период од еден месец. Ќе бидат покриени и другите трошоци потребни за патување.

Пријавувањето трае до 5 јули. Повеќе информации за пријавувањето можете да најдете овде.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay