Месечен хороскоп за август 2020 година

Месечен хороскоп за август 2020 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Oвен

Овните имаат природни вештини за лидерство и тие сега ќе излезат на виделина благодарение на позицијата на Меркур. Пожарот во вас ќе се запали, и така сигурно нема да одложувате со работата. Исто така, август може да донесе промоција и пофалби, и благодарение на вашиот напор, ќе почнете да ги гледате придобивките. Сепак, внимавајте на успехот да не ви удри во глава. Тоа би можело да доведе до арогантно однесување, што тешко ќе може да се поднесува од околината.

Во последниот летен месец сте полни со физичка и психичка енергија. Поради тоа, одлично ќе се справите со сите пречки што ги носи август. На крајот на летото, може да се чувствувате малку нервозни. Затоа, концентрирајте се и размислите двапати пред да направите нешто.

Бик


Во текот на целиот август, вашата енергија ќе привлече многу луѓе. Сепак, внимавајте на лажните пријатели. Едно лице може да влезе во вашиот живот за кое ќе мислите дека има добри намери, но во реалноста, би можело да планира нешто лицемерно. Чувајте ги очите и ушите отворени, а употребата на вашиот огромен ментален капацитет ќе може брзо да го идентификувате овој крт! Исто така, имате тенденција да паднете во стапицата на нездравите навики, па затоа внимавајте на изборот на лоша храна или вишокот на консумирање алкохол и други материи.

И покрај тоа што август значи крај на летото, тоа е нов почеток за вас. Вашата состојба и емоции функционираат одлично, па затоа со леснотија се справувате со дневните обврски. Најдобро би било да се фокусирате на вашата кариера - може да очекувате зголемување на платата, а можеби и промоција.

Близнаци

Под владеењето на Сонцето, август ќе биде период на голема креативна моќ. Хороскопот подразбира дека сега е идеално време да се препуштите на имагинацијата и да почнете да му го посветувате вашето време на уметноста или на било која друга инспиративна активност. Вашите лидерски вештини ќе бидат засилени. Организацијата на човечки ресурси ќе биде нешто најлесно. Благодарение на овие способности, ќе можете да направите значителна промена во кариерата овој месец.

Можете да очекувате дека вашите односи со семејството и партнерот ќе бидат хармонични во текот на целиот месец. Немате проблем со лојалност и зборувате за вашите пријатели само позитивно, дури и во нивно отсуство. Единствено што може да ви ја уништи благосостојбата е екстремната љубомора.

Рак

Под влијание на Меркур, август ќе биде многу хармоничен во однос на врските, затоа што ќе бидете многу искрени со своите чувства. Оваа фреквенција може да привлече ново познаник во вашиот живот. Можете да ги комуницирате вашите мислења и чувства со целосна леснотија. Добро ќе ви оди и во полето на финансии. Ако порано се боревте со недоволен буџет, овој месец може да доведе до рамнотежа.

Благодарение на Сонцето во Лав, Ракот може да очекува август полн со можности да ги води другите. Ви дава многу одговорност и можност да им доделите задачи на другите. Ако ги искористите овие способности во вашата работа, тоа ќе вроди со плод. Патот до вашата цел е можеби пократок отколку што мислевте.

Лав


Август ќе ви даде поголема јасност за тоа каде сте во животот и на каде се движите. Со тоа кажано, очекувајте многу изненадувања. Овој месец ќе почните да го кажувате она што ви лежи на душата, и тоа со многу доверба и гордост. Вашиот љубовен живот и социјален живот ќе цветаат, а летната горештина ќе ви донесе и жешка љубовна романса.

Затоа, последниот летен месец за вас ќе биде прекрасен романтичен период. Ќе уживате во дружењето, особено со партнерот. Комплиментите му годат на вашето его, но бидете внимателни да не претерате.

Девица


Август ќе ви даде доза на креативност, а вие ќе се стремите да ја искористите секаде каде што можете. Без разлика дали тоа е платно и четка, тетратка и пенкало, или музички инструмент и вашите раце, оставете ја вашата креативност да тече. Уметноста помага да се пронајде вистинското јас, и таа е една од ретките работи што има потенцијал да го промени светот. Вашите идеи ќе бидат многу иновативни, и ќе направат да се издвоите од толпата.

Во август, треба да се обидете да научите како прво да размислите, пред да кажете нешто. Потребата за благодарност, која ви ја носи Марс во Лав, ве мотивира да ги подобрите перформансите. Но, тоа би можело да предизвика конфликт, особено кога вашиот колега или шеф ќе се најде на вашиот пат.

Вага


Овој месец ќе ви донесе благ емоционален пад; сепак, тоа не значи дека нема да бидете погодени од ненадејни промени во расположението. Вагите природно има тенденција да ги одржуваат работите во рамнотежа, и кога тие не можат да го сторат тоа, може да прибегнат кон самоуништувачки активности. Ситуацијата ќе се подобр, но сепак, бидете трпеливи. На пример, одлично ќе работите на работа, вашиот пристап ќе биде брз и корисен, така што нема да имате проблем да работите и во тим, и сами.

Август обично е многу бурен период и тоа се покажува во врските. Треба да бидете внимателни што зборувате. Дури и мала невина шега може да создаде голема расправија, па затоа треба да размислите пред да кажете нешто. Може да очекувате среќа во светот на бизнисот.

Скорпија

Импулсивното однесување има свои придобивки, но тие не треба да ја истакнуваат вашата способност да ги видите и лошите страни. Пред да кажете нешто, размислете двапати за тоа, бидејќи зборовите можат да му помогнат некому, но за жал и да повредат некого. Во напнати ситуации, би можеле да го распрснете својот отров и да им наштетите на луѓето околу себе. Поентата е да научиме да го контролираме ослободувањето на отровот. Август ќе ве натера да размислите и да сфатите дека секој чин има свои неповратни последици.

Очекувајте прилично драматичен август, особено во делот на врските. Во последно време се фокусиравте само на работата, па се однесувавте ладно со партнерот, што може да доведе до расправии, па дури и криза. Време е да бидете отворени и да ги изразите своите чувства.

Стрелец


Ако не сте на годишен одмор оваа година, август е апсолутно идеален. Работете напорно цела година, затоа заслужувате да одите некаде и малку да се опуштите. Ако одите со партнерот, тогаш ќе имате единствена можност отворено да разговарате за врската и нејзината иднина. На овој начин, ќе дознаете дали идеите на другата страна се слични, или дали веројатно нема да успее долгорочно.

Доаѓањето на август ве принудува повторно да поставите темпо за работа. Стрелецот е емоционално ослабен, па затоа обрнете внимание на вашата кариера.

Јарец


Кои беа вашите таленти како дете? Правење музика? Цртање? Или спорт? Август ќе ве охрабри да се вратите на овие активности. Јарецот ќе биде изненаден што сè уште е добар во овие активности и можеби, ќе најде сосема поинакво значење за нив, отколку што тоа го правеше како дете. Можеби повторно ќе се возбудите од тоа што ќе заработите пари со тоа и постепено ќе дојдете до тој степен што оваа активност ќе го финансира вашето целосно живеење. Сè е можно.

Вие сте многу практичен знак, па затоа живеете во моментот. Но, август ве запознава со совршен период да сонувате за момент. Понекогаш е добро да се погледнат работите од поширок аспект. На тој начин, можете да откриете во која насока сакате да одите.

Водолија

Август ќе ви го даде потребниот мир на умот - по долго време, се чини дека сè е на своето место. Доста ќе уживате во оваа хармонија, но внимавајте да не станете премногу мрзливи. Исто така ќе бидете отворени во креативна смисла - ќе почувствувате потреба да создадете нешто и да се ослободите од своите внатрешни мисли.

Последниот летен месец ви дава совршена можност да уживате во различни искуства за подигнување на адреналинот. Ќе почувствувате голем бран на храброст, така што нема да се плашите од активности како планинарење или скокање во вода. Љубовните и семејните односи цветаат, па затоа не мора да се плашите од ништо.

Риби

Месецот ќе ве натера да ги анализирате сферите на вашиот живот, каде што потфрлате. Решавањето на разни, првенствено лични проблеми, ќе излезе на површина, и ќе сторите сé за да им најдете решение. За Рибите, тоа ќе биде период на голем раст и образование на личноста. Психолошките и филозофските прашања сега ќе бидат поважни од било кога.

Доаѓањето на месец август е многу среќен период за вас. Сè што ве загрижувало е решено спонтано и можете да ја вложите вашата енергија за зајакнување на вашите односи. Позицијата на Меркур во Рак ве прави одлични слушатели. Благодарение на тоа, другите луѓе би можеле да дојдат кај вас за да ги споделат своите проблеми за вас.