Истражување открива во кој дел од денот луѓето сакаат најмногу секс

Истражување открива во кој дел од денот луѓето сакаат најмногу секс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кога последен пат сте сакале да имате секс, а вашиот партнер не бил расположен? Веројатно не било одамна, но ова ново истражување поврзано со сексот објаснува зошто.

Истражувачите проучувале во кој дел од денот луѓето најмногу сакаат да имаат секс, а постои огромна разлика помеѓу мажите и жените. Најверојатно мажите би сакале да имаат секс наутро помеѓу 6 и 9 часот, додека жените повеќе сакаат ноќна забава и се порасположени помеѓу 23 и 2 часот наутро.

Најидеално време за секс во случајот кај мажите е 7:54 часот, а кај жените е подоцна, односно во 22:21 часот.

- Популарно мислење е дека женското либидо е доста комплицирано, но всушност сето тоа е поврзано со психолошката природа. Обично тоа нема врска со партнерот, и повеќе се работи за тоа како жената се чувствува и како ја доживува својата сексуалност - вели д-р Алисон Хил.

Извор: The Sun
Фото: Freepik