Татко направил роботски егзоскелет за да му помогне на синот да оди

Татко направил роботски егзоскелет за да му помогне на синот да оди

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Жан-Луj Констанца е Французин кој изгради роботски костим за неговиот 16-годишен син Оскар, со кој ќе може да оди.

Оскар користи количка, но сега роботот го активира така што ќе му каже: „Роботу, стани“ и потоа тој оди за него. Жан-Луj е коосновач на компанија која го прави костимот, кој им овозможува на корисниците да се движат исправено неколку часа на ден.

Костимот се користи во болници во неколку земји, но сè уште не е достапен за секојдневна употреба од страна на индивидуи и чини околу 150 илјади евра.

Инженерите велат дека личен егзоскелет треба да биде многу полесен.


Извор: BBC
Фото: BBC (printscreen)