Научниците откриле организми што јадат вируси

Научниците откриле организми што јадат вируси

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ова е добра година за вирусите. Еден вирус успеа да стопира цела цивилизација, да сруши цела економија и да убие најмалку еден милион луѓе во светот. Затоа, добро е да се слушне дека постои нешто што може да јаде вируси.

Научниците штотуку открија дека пронашле два организми што јадат вируси. Рамунас Степанаускас, автор на истражувањето, објаснува дека станува збор за протистички клетки што во својата ДНК содржат неинфективни вируси, но не и бактерии, што е силен доказ дека тие се хранат со вирусите, а не со бактерии.


Фото: Pixabay

Едноклеточните организми биле пронајдени покрај брегот на Мејн, САД. Во истражувањето научниците анализирале повеќе примероци од океанска вода и идентификувале 1.698 организми во водата. Бил пронајден вирусен генски код во два организми познати како хоанозоани и пикозоани. Бидејќи ниту еден од организмите не може да се заразува со вируси, научниците претпоставуваат дека тие се хранат со вирусите.

Од она што го знаат научниците, ваквите организми се ретки во екосистемот на Земјата. Иако има многу вируси, особено во океаните, овие два организми се единствените откриени досега што јадат вируси.

Автор: Џон Кристијан
Извор: futurism.com