ЕВН објавува повик за стипендии

ЕВН објавува повик за стипендии

ЕВН Македонија АД, Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за студенти од eнергетските насоки чиј вкупен нето приход на семејството (родители/старатели и кандидатот) за 2020 година по сите основи не надминува 400.000,00 денари.

Оваа година ќе бидат доделени 10 (десет) стипендии на студенти кои во учебната 2021/2022 се запишувале по првпат во I, II, III и IV година на енергетските насоки на Факултетот за Електротехника и информациски технологии при УКИМ, Техничкиот Факултет – Битола и Електротехнички факутет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Стипендијата е во висина од 8.000,00 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските пропишани во Договорот за стипендирање.

Обврски на корисникот на стипендијата:
  • Студиската година да ја заврши во рок;
  • Да има положено најмалку 70% од испитите од претходната година за продолжување на стипендијата;
  • Да извршува пракса во траење од најмалку 30 дена во текот на годината во ЕВН Македонија АД Скопје, односно во Друштвата во кои ЕВН Македонија е единствен содружник и основач;
Потребни документи за аплицирање:
  • Кратка биографија;
  • Потврда за редовeн студент запишан во зимски семестар за студиската 2021/2022;
  • Уверение/потврда од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители-старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга институција или компанија;
  • Есеј на тема „Мојата иднина како електро-инженер“.
Сите потребни документи испратeтe ги на stipendii@evn.mk најдоцна до 30.09.2020 година со назнака во subject: за стипендија, најдоцна до 30.10.2021.

Напомена: големината на мејлот треба да е мах. до 4 МВ, ако мејлот е поголем од 4 МВ, документите испратете ги во 2 посебни мејла.