Објавен е тизер за новиот филм на Анџелина Џоли, за кој веќе ѝ предвидуваат „Оскар“
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Објавен е тизер за филмот „Марија“ на режисерот Пабло Ларен. Во филмот Анџелина Џоли ќе ја видиме во улогата на легендарната оперска пејачка Марија Калас, а некои критичари веќе ѝ предвидуваат „Оскар“.
„Нетфликс“ го претстави првиот трејлер за познатиот филм, кој беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција и доби осумминутни овации, најавувајќи награди за самиот филм и за Џоли.
Анџелина ја глуми грчката сопранистка со американско потекло Марија Калас, која почина од срцев удар на 53-годишна возраст. Филмот „Марија“ ќе ја покрие животната приказна на пејачката кога таа се повлекува во Париз по гламурозниот и бурен живот и се обидува да си ги врати гласот и самодовербата на сцената.
Режисерот Ларен покрива сè – не само блиските односи на Калас со нејзиниот персонал и нејзиното рано детство, туку и зошто таа се впуштила во афера со тајкунот Аристотел Оназис.
По премиерата на филмот, некои критичари ѝ предвидуваа сигурна номинација за „Оскар“ на Анџелина Џоли, а некои дури и самата златна статуетка.
Филмот „Марија“ премиерно ќе биде прикажан во одредени кина на 27 ноември, а главната премиера ќе биде на „Нетфликс“ на 11 декември.
Извор:
Klix.ba
Фото: Twitter