Овој начин на спиење е најдобар за циркулацијата и за 'рбетот, а е одобрен и од НАСА

Овој начин на спиење е најдобар за циркулацијата и за 'рбетот, а е одобрен и од НАСА

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ако имате проблем со спиењето, ако се мачите и не можете да заспиете, можеби оваа позиција ќе ви помогне.

Позицијата наречена нулта-гравитација може да ви ја подобри циркулацијата и да ги ублажи симптомите на рефлукс на киселина. Ова го тврди експертот за спиење Мартин Сили, кој ја објаснува позицијата на спиење со благо кренати глава и нозе.

- Оваа позиција е смислена да ја симулира положбата на телото кога е во бестежинска средина, како што е вселената - објаснува тој и додава дека оваа позиција првично била развиена од НАСА за да им помогне на астронаутите да се приспособат на ефектите од микрогравитација за време на вселенските летови, па оттогаш е приспособена за употреба во болници и домови за стари лица.

- Оваа положба помага да се намали притисокот врз 'рбетот, што помага да се ублажат болките во грбот и другите непријатности што можат да го попречат сонот. Второ, поставувањето на нозете над срцето може да ја подобри циркулацијата со намалување на силата на гравитацијата врз циркулаторниот систем. Ова може да го спречи отокот на нозете и стапалата и да го подобри протокот на крв во мозокот и другите витални органи - вели тој.

Освен тоа, положбата може да ви помогне да 'рчите помалку, но и да ги ублажите симптомите на рефлукс. За да создадете импровизирана положба за спиење без гравитација, препорачани се перници за поддршка на главата и на нозете.

Извор: n1info.hr
Фото: Pexels