Почнува новата академска година – прв академски час на УКИМ
Денеска, со почеток во 10:00 часот, на платото кај паметникот на светите Кирил и Методиј, ќе се одржи Првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој официјално започнува новата академска 2026/2027 година.
Настанот ќе содржи свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.