Гените играат важна улога во успехот и изборот на универзитетот

Гените играат важна улога во успехот и изборот на универзитетот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Гените на една личност имаат значајно влијание врз сè - од тоа на кој факултет ќе се запише до тоа колку ќе биде успешна кога ќе се запише, покажува најново истражување.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон анализирале илјадници учесници во истражувањето за да го откријат придонесот на ДНК и на други фактори, како што се животот дома и успехот во високото образование.

Откако претходната работа на групата открила влијание на гените врз средното образование, истражувачите велат дека ова е прво истражување што покажало сличен ефект и подоцна во животот.

2
Фото: Getty Images


Истражувачите откриле дека 57 отсто од разликите помеѓу најдобрите резултати на луѓето биле утврдени од гените, а 46 отсто од постигнувањата на факултет исто така биле под влијание на нивната ДНК. Остатокот од варијациите во резултатите може да се сведе на средината на студентите - од богатството на родителите до квалитетот на образованието на поединецот.

Освен резултатите од тестовите, генетиката исто така се чини дека ја насочува желбата на учениците да продолжат со универзитетското образование - половина од одлуката да одат на факултет е водена од ДНК.

Д-р Емили Смит-Вули, која го предводела истражувањето, изјави дека наодите треба да се земат предвид од студентите и професорите.

-Знаењето дека разликата во нашето универзитетско достигнување делумно се должи на генетиката е интересно и важно, во секој случај - вели таа.

- Но од перспектива на наставникот, не очекувате сите студенти да бидат солидни - некои од нив се борат, некои мислат дека факултетот е тежок и важно е да се знае дека не е сѐ до околината. Луѓето ги имаат своите почетоци на различни места - додава Емили.

Научниците дошле до заклучоците проучувајќи 3.000 пара британски близнаци - идентични и неидентични.

- Идентичните близнаци се 100 отсто генски идентични, тие се клонови еден на друг, така што ги делат и  ДНК и домашната средина - па разликите помеѓу идентичните близнаци не може да се должат на нивната средина дома и не може да се должат на нивните гени - вели д-р Смит Вули.

Со споредување на идентичните и неидентичните близнаци истражувачите можеле да го измерат целокупното влијание на генетиката врз тоа колку луѓето се разликуваат кога станува збор за мерење на резултатите на испит.

Ако резултатите на идентичните близнаци се послични од оние на неидентичните близнаци, тоа е индикација дека генските фактори го водат успехот.

- Откривме дека во моментот, полигенските резултати покажуваат 5 отсто од индивидуалните разлики во универзитетските мерки за успех. Ова е малку, но мислам дека покажува дека науката стигнува до точка каде што може да предвидува исходи од самата ДНК - вели д-р Смит Вули.

Научниците сметаат дека однесувањето веројатно е резултат на сложена интеракција помеѓу гените и животната средина на луѓето.

Иако научниците не успеале да идентификуваат кои специфични гени се поврзани со постигнувањата, тие успеале да ги пресметаат „полигенските поени“, додавајќи ги на ефектите од илјадници варијанти на ДНК претходно поврзани со успехот во образованието.