Заборавете на сивата, белата и црната, оваа боја на автомобили ќе биде хит во 2027 година
Денешниот свет на автомобили е главно сив. Доминираат белата, црната и сите тонови на сивата боја. Времињата на веселите бои како зелената, портокаловата, жолтата и црвената од 70-тите и 80-тите години станаа историја. Но тоа и не чуди бидејќи вообичаено е мислењето дека безвремените бои најдобро ќе „поминат“ при повторна продажба на автомобилот. Покрај тоа, полесно се одржуваат чисти и не привлекуваат внимание. И така денес потопивме во автомобилското сивило...
Но, 2027 година би можела да биде малку поживописна.
„Аксалта коутинг системс“, еден од водечките светски производители на бои и еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, ја избра „редефинирана црвена“ како своја автомобилска боја на 2027 година.
Станува збор за интензивна црвена боја со дополнителен сјај осмислен да ѝ даде на каросеријата изглед на скапоцен камен. Засега „Аксалта“ не објави кои автомобили конкретно ќе ја користат „редефинирана црвена“ бидејќи оваа нијанса претставува предвидување и стилска насока за автоиндустријата, повеќе отколку избор на боја веќе наменета за некој одреден модел.
Новата нијанса не е „само“ уште една металик црвена. Според „Аксалта“, за „редефинирана црвена“ се користи посебна технологија на премачкување за да постигне поголема длабочина и површина способна да реагира на светлината во зависност од опкружувањето.
Фото: принтскрин/инстаграм