Лет што ги врати патниците во минатото: полета во 2026, а слета во 2025 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Сега веќе сигурно е 2026 година насекаде во светот, барем за поголемиот дел од земјите што го користат истиот календар и можат да се договорат која година е.
Сепак, некои луѓе ја поминале Новата година патувајќи назад во времето, во место каде што сè уште била 2025 година. И сето тоа било возможно без никаква временска машина.
Првите места во светот што ја дочекуваат секоја Нова година се во Тихиот Океан - жителите на Кирибати официјално први влегуваат во новата година.
Ако сакале да слават двапати, сè што требало да направат е да ја преминат датумската линија и да заминат на место каде што 2025 година сè уште траела. Токму тоа го овозможил лет од Гуам кој полетал во 7:40 часот наутро на Нова година, а слетал на Хаваи во 18:55 часот на новогодишната ноќ. Така, патниците на тој лет имале можност, ако сакале, да ја прослават Новата година двапати.
Имало и лет од Токио кој тргнал во 1 часот наутро на Нова година и пристигнал во Лос Анџелес во 18 часот претходниот ден. Сепак, доколку некој планирал двојна прослава, првиот влез во 2026 година би го дочекал на аеродром.
Двојна Нова година и без авион
За оние што не сакаат да патуваат со авион, постои и поедноставна опција.
На границата меѓу Шведска и Финска постои настан што им овозможува на луѓето да ја прослават Новата година двапати. Финскиот град Торнио е еден час пред својот шведски сосед Хапаранда, па можно е Новата година прво да се дочека на едната страна, а потоа, еден час подоцна, и на другата.
Истото може да се направи и меѓу финскиот Каресуванто и шведскиот Каресуандо, кои се еден до друг.
Извор:
Ladbible.com
Фото: Freepik