На „Нетфликс“ пристигна најочекуваниот филм на годината: Приказна што ќе направи да заплачете

На „Нетфликс“ пристигна најочекуваниот филм на годината: Приказна што ќе направи да заплачете

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Филмот „Збогум, Џун“ (англ. „Goodbye June“) е трогателна семејна драма, совршена за празничниот период. Во своето режисерско деби оскаровката Кејт Винслет носи топла, духовита и емотивна приказна за семејство кое повторно се собира за да се прости од мајката. Според многумина, станува збор за долгоочекуван „нов“ празничен класик во кој секој може да се пронајде.

Ако постои филм што овој Божиќ ќе го гледаме со марамчиња в рака и насмевка на лицето, тоа е „Збогум, Џун“. Режисерскиот првенец на Кејт Винслет пристигна на „Нетфликс“ и веќе се најде меѓу најгледаните празнични наслови.

Дејството се одвива непосредно пред Божиќ, кога браќа и сестри и нивниот строг татко се соочуваат со болеста и можната загуба на мајката Џун. Во обид да пронајдат заедништво среде семејниот хаос, приказната се претвора во топла, духовита и длабоко емотивна рефлексија за љубовта, простувањето и семејните врски кои, без оглед на сè, секогаш нè обединуваат.

Како што изјави Кејт Винслет, ликот на Џун претставува тип на жена со која сите барем еднаш сме се сретнале во животот - мајка која и од болничкиот кревет го држи семејството како целина.

 

Емотивен, искрен и со вистинската божиќна порака, филмот потсетува дека семејните врски, и покрај сите несогласувања и болки, се највредниот дар што го имаме.

Покрај тоа што првпат се јавува како режисерка, Кејт Винслет и глуми во филмот, а проектот има и силна лична семејна врска со оглед на тоа што сценариото е напишано од нејзиниот 21-годишен син Џо Андерс, кому ова му е прв филмски ангажман.

Во филмот игра и импресивна актерска екипа составена од Тони Колет, Андреа Рајзборо, Џони Флин, Тимоти Спол и легендарната Хелен Мирен, кои дополнително ја заокружуваат оваа силна и емотивна семејна приказна.

Извор: Tportal.hr
Фото: Screenshot/YouTube