Новата компанија на Илон Маск вгради имплант во мозокот на мајмун, па тој сега може да игра видеоигри

Новата компанија на Илон Маск вгради имплант во мозокот на мајмун, па тој сега може да игра видеоигри

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Основачот на „Неуралинк“, Илон Маск, откри дека компанијата успеала да вгради уред во мајмун со кој може да му го контролира умот.

- Имаме мајмун со безжичен имплант во черепот кој може да игра видеоигри со неговиот ум - изјавил Маск при појавувањето на апликацијата „Клабхаус“.

За компанијата последен пат се зборуваше минатото лето кога откри дека вградила експериментални уреди во свињи. Исто како и тогаш, Маск посочил дека животните на кои се експериментира се во добра состојба.

- Не можете да видите каде се наоѓа имплантот и тој е среќен мајмун. Ги имаме најубавите живеалишта за мајмуни во светот. Сакаме да си играат - изјавил Маск.

Сè уште не е јасно кога би можеле уредите да се вградуваат во луѓето и дали експериментите на животни ќе бидат успешни. Кога зборувал за употребата на уредите кај луѓето, тој изјавил дека има примитивни верзии од уредот, а го објаснил како „Фитбит“ во черепот со мали жици што го поврзуваат со мозокот.

Автор: Џон Кристијан
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay