Дали сте заинтересирани за студии на Универзитетот во Љубљана? Објавени се роковите за упис на факултетите и академиите!

Дали сте заинтересирани за студии на Универзитетот во Љубљана? Објавени се роковите за упис на факултетите и академиите!

Пријавувањето за упис во прва година на додипломски и интегрирани магистерски студиски програми за кандидатите од Северна Македонија ќе се одржи од 18 февруари до 18 март 2026 година.

Универзитетот во Љубљана е најголемиот и најстар универзитет во Словенија и се вбројува меѓу 3 % најдобри универзитети во светот. Оваа учебна година на него студираат речиси 40.000 студенти, меѓу кои и голем број студенти од Северна Македонија. Во 2025/2026 година се запишани 719 студенти од Северна Македонија – 344 на додипломски и интегрирани магистерски студии, 339 на магистерски и 36 на докторски студии. Најважно е што студентите од Северна Македонија студираат под исти услови како словенечките студенти.

Словенија склучи меѓудржавен договор со Северна Македонија врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање на школарината за додипломските и интегралните студии, освен во случај кога тие претходно се стекнале со еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна и за сите вонредни студенти и докторски студенти, при што постои можност на кофинансирање на докторските студии.


Фото: Андреј Тарфила

КОНКУРС ЗА УПИС 2026/27 – рокот за пријавување за додипломски и интегрирани магистерски студии е до 18 март 2026 година!
Сите информации за распишаните места може да се најдат на Повикот за упис.

Пријавите за прва година се поднесуваат електронски преку веб-порталот eVŠ до 18 март 2026 година. Ве повикуваме да ги погледнете видеопрезентациите за пријавувањето и доставувањето на соодветната документација.
• Кандидатите кои сè уште не завршиле средно образование ги доставуваат документите за признавање до 31 јули 2026.
• Кандидатите кои веќе завршиле средно образование ги доставуваат документите до 18 март 2026.


Роковите за пријавување на магистерски и на докторски студиски програми се разликуваат и тие се објавени во Повикот за упис. Предлагаме да го проверите рокот за упис за посакуваната студиска програма. Исто така, ве покануваме на учествувате на инфо-деновите за магистерски и докторски студии и да ги поставите сите ваши прашања.

Може да се пријавите и за онлајн консултации за постапката за упис на додипломски студии. Напоменуваме дека уписот при Универзитетот во Љубљана не налага користење услуги од агенти и агенции за упис.


На 13 и 14 февруари 2026 година ќе се одржат информативните денови на нашите факултети и академии, а дополнителни информации побарајте на нивните веб-локации.
Воедно ве повикуваме и да ни се придружите на 18 и 19 февруари 2026 година од 13 часот на онлајн презентацијата во која ќе учествуваат и нашите факултети, па ќе можете директно да му поставите прашање на претставникот на факултетот за кој сте заинтересирани.

Исто така, на 5 март 2026 година во 13 часот ќе организираме и сесија на прашања и одговори, а во рамките на истиот настан ќе ви бидеме на располагање за сите ваши прашања.

Повеќе информации за условите за упис, за процедурата на прием, дозволата за времено престојување (виза) и уште многу други работи ќе може да најдете во видеото подолу.



Поддршка од меѓународни студенти

Оние што веќе интензивно се подготвуваат да дојдат да учат треба да знаат дека е многу важно да се добијат информации од „прва рака“ за тоа како изгледа да се биде меѓународен студент на Универзитетот од Љубљана! Нашите меѓународни студенти-амбасадори се тука за да ви помогнат, да одговорат на вашите прашања и да ви го доближат студентскиот живот во Љубљана. Ве покануваме да се вклучите во Chat with international students, каде што можете да разговарате со студенти од различни земји и факултети. Овде ви стојат на располагање меѓународни студенти од различни држави и различни факултети.

Горди сме што ја претставуваме и видеосеријата „Со меѓународни студенти за...“ во која студентите-амбасадори зборуваат за своите искуства: зошто го избрале Универзитетот во Љубљана, како изгледа студирањето, кои предизвици ги сретнале и кои се предностите на студирањето во Словенија.

Доколку ви е потребен совет или помош, не двоумете се да ни се обратите. Ќе се обидеме да ви ги дадеме сите информации и одговори на сите ваши прашања. Сите информации за студиите може да се најдат на веб-страницата на Универзитетот во Љубљана. Среќно!

Насловна фотографија: UL – IFP, d.o.o.

(Комерцијална објава)