За Сања Саздовска, која е на доусовршување на Универзитетот „Емори“, колку се намалуваат сметките за струја во училиштата што се енергетски ефикасни... Што пишувавме неделава?
„Желба ми е да придонесам за реформи во јавното здравство во Македонија“, вели Сања Саздовска, која е на доусовршување на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот „Емори“ во САД
Сања Саздовска, експерт по јавно здравје, е единствената Македонка на доусовршување на Факултетот за јавно здравје „Ролинс“ на Универзитетот „Емори“ во Атланта, Џорџија, САД. Таа е добитник на стипендијата „Хамфри Хуберт“ на Владата на САД во рамките на Програмата за лидерство и професионална припадност.
Целосно енергетски ефикасните училишта ги намалуваат сметките за струја од 50 до 60 отсто
Ако се знае дека една ЛЕД-светилка троши шестина од енергијата на обичната и има дополнително подолг рок на траење, тогаш може да се претпостави какви ќе бидат придобивките од целосно енергетски ефикасни училишта. Според експертите, со такви објекти се преполовуваат сметките за електрична енергија до 50 отсто. Тоа подразбира школо каде што се поставени квалитетна енергетски ефикасна фасада, квалитетни покрив и дограма, односно прозорци и врати.