Колку нафта доаѓа од државите погодени од судирите на Блискиот Исток
Подготвил:
Билјана Спиркоска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Меѓу државите погодени од судирите на Блискиот Исток, Иран е најголемиот производител на нафта.
По саботните американско-израелски напади над Иран, иранските сили изведоа повеќе контранапади. Израел беше мета на неколку бранови ракетни и напади со дронови, а беа нападнати и американски флоти и воени бази. Експлозии одекнаа и во Дубаи и Доха, а за напади се известува и од Кувајт и Оман. Ако дополнително се заостри судирот, според мислењата на аналитичарите, Иран би можел да се одлучи и за напади на енергетската инфраструктура во соседните земји. Тоа би можело да доведе до значителен раст на цените на нафтата и да предизвика потреси во светската економија.
Според податоците од годишниот статистики преглед на „БП Енерџи институт“, меѓу државите погодени од судирот најголемиот производител на нафта е токму Иран. Во 2024 година оваа земја произведувала повеќе од 5 милиони барели сурова нафта дневно, што претставува 5,2 % од светското производство на нафта. Со тоа Иран е петти најголем производител на нафта во светот. Иран, исто така, одлучи да го затвори Ормунскиот Проток, една од клучните маршрути за светската трговија со нафта и гас. Иранската револуционерна гарда во саботата соопшти дека поради нападите, протокот не е безбеден и почна да им праќа предупредувања на бродовите да не впловуваат во него. Податоците покажуваат дека сообраќајот се намалил за околу 70 %.
Фото: forbes.rs
Светското производство на нафта во 2024 година достигна околу 97 милиони барели дневно. Најголем производител на нафта во светот се САД, кои во 2024 година во просек произведувале 30,1 милиони барели сурова нафта дневно, што е повеќе од една петтина од светското производство.
Следува Саудиска Арабија со производство од 10,9 милиони барели дневно и удел од 11,2 отсто, а веднаш зад неа е Русија со 10,8 милиони барели дневно, односно удел од 11,1 отсто.
Извор:
Forbes
Насловна фотографија: Freepik