Програма за млади таленти – Летно практикантство 2026 (апликации за студенти од високообразовни институции)
Нашата програма вклучува:
- до три месеци практикантска работа
- учество во секојдневните работни активности
- учење од врвни професионалци
- обуки за меки вештини
- можност за идно вработување
Вие сте нашиот идеален кандидат доколку сте:
- проактивни, самоиницијативни и љубопитни;
- ентузијасти што се стремат кон постигнување тимски резултати и одлично ги владеете англискиот јазик и пакетот MS Office.
Услови за аплицирање:
- Фармацевтски факултет при УКИМ - магистри по фармација во тек на 8. или 10. семестар и лабораториски биоинженер во тек на 6. семестар
- ПМФ при УКИМ - Институт за хемија – Применета хемија & Применета хемија – аналитичка биохемија, во тек на 6. или 8. семестар, и Институт за биологија - Биохемија и физиологија & Молекуларна биологија, во тек на 6. или 8. семестар
- ТМФ при УКИМ - Неорганско инженерство и заштита на животната средина, Полимерни материјали, Прехранбена технологија и биотехнологија, Дизајн и менаџмент на технолошки процеси, Инженерство на материјали и нанотехнологии, во тек на 6. или 8. семестар
- ФЕИТ при УКИМ - КСИАР, во тек на 6. или 8. семестар
- Машински факултет при УКИМ - Автоматизација и управувачки системи, Мехатроника, Производно инженерство, во тек на 6. или 8. семестар
- Економски факултет при УКИМ
- Факултет за медицински науки при УГД - Фармација во тек на 8. или 10. Семестар
Рок на пријавување
24.2.2026 - 21.3.2026