Авиолинија Скопје - Крф од 1 јуни со „Ејџијан ерлајнс“

Авиолинија Скопје - Крф од 1 јуни со „Ејџијан ерлајнс“

Директна сезонска авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Аеродромот Крф ќе биде воведена од 1 јуни годинава. Патувањето до оваа летна дестинација ќе трае еден час и 15-ина минути, објави денеска ТАВ Македонија, операторот на македонските аеродроми.

На линијата Скопје - Крф ќе лета грчката национална авиокомпанија „Ејџијан ерлајс“ до крајот на септември, со две неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

Претставниците на ТАВ Аеродроми потенцираат дека оваа нова сезонска авиолинија дополнително ќе го збогати портфолиото на Меѓународниот аеродром Скопје и мапата на мрежата на авионски конекции, особено што, како што истакнуваат, Крф е атрактивна летна дестинација до која сега може да се стигне за само еден 1 и 15-ина минути.

Извор: МИА