Оваа серија на „Нетфликс“, снимена според вистински настан, ќе ве растревожи

Оваа серија на „Нетфликс“, снимена според вистински настан, ќе ве растревожи

Мини-серијата „Радиоактивна опасност“, петта најгледана серија на „Нетфликс“, се занимава со радијациската несреќа во Гојанија, Бразил, од 1987 година. 

Медицински уред за радиотерапија кој содржел цезиум-137 бил оставен во напуштена клиника, а кога двајца мажи го расклопиле, радиоактивниот материјал се проширил низ соседството. Серијата ги истражува и итната реакција и личните приказни на погодените, истакнувајќи ги напорите на научниците, медицинските тимови и властите. Исто така, серијата ја нагласува сложеноста на управувањето со зрачењето во урбана средина.

Несреќата настанала поради пропуст во протоколот

Институтот за радиотерапија во Гојанија, приватна клиника специјализирана за лекување рак, во 1985 година бил преселен и притоа апаратот за радиотерапија, кој содржел капсула цезиум-137, бил оставен во старата зграда. Ниту една државна агенција не била известена, а уредот бил оставен во станбена зона.

Благодарение на дизајнот, апаратот бил безбеден во клиничко опкружување, но содржел високорадиоактивна капсула обложена со олово и челик. Овој заштитен оклоп осигурувал контролирана употреба за пациентите, но откако бил отстранет, гама-зрачењето од капсулата претставувало смртоносен ризик. 

Капсулата со цезиум-137 била компактна, долга приближно 51 милиметар и со дијаметар од 48 милиметри, но содржела доволно радиоактивен материјал за да предизвика тешки повреди или смрт.



Фатални последици
Во септември 1987 година, Роберто Сантос Алвес и Вагнер Мота Переира, кои собирале старо железо, влегле во напуштената клиника. Ги расклопиле деловите од апаратот за радиотерапија и го пренеле во куќата на Алвес. Во рок од неколку дена двајцата почнале да чувствуваат мачнина и слабост - рани знаци на радијациска болест кои на почетокот ги припишувале на труење со храна.

Во домот на Алвес капсулата била продупчена, па ослободила светлечки син прав. Бидејќи мислеле дека супстанцијата е безопасна, Алвес и другите ја допирале. Деловите од машината подоцна му биле продадени на Деваир Фереира, сопственик на отпад, кој им го покажувал луминисцентниот материјал на членовите на семејството и на соседите, несвесно изложувајќи ги на зрачење. Правот брзо се проширил по куќите. Децата си играле со него, а возрасните го допирале или го нанесувале на кожата. Набрзо се појавиле симптоми како повраќање, дијареја и замор кај повеќето луѓе, но биле погрешно дијагностицирани како алергиски реакции или болести предизвикани од храна.

Извор: Jutarnji.hr
Фото: Јутјуб/скриншот