Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

Семос Едукација ги награди младите информатичари што учествуваа на 37-миот Државен натпревар по информатика, кој се одржа на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ). 

Со овој чин уште еднаш ја потврди својата посветеност кон поттикнување на младите таленти и развојот на дигиталната писменост во земјата.



Како дел од поддршката на натпреварот, Семос Едукација обезбеди ваучери за обука во Детскиот едукативен центар, со цел да ги охрабри најмладите учесници да продолжат да го развиваат својот потенцијал во областа на информатиката. Дополнително значење на оваа иницијатива ѝ дава фактот што 13 од вкупно 24 наградени ученици се дел од овој центар, што претставува силна потврда за квалитетот и резултатите од континуираната едукација.



-Работата со деца кои покажуваат интерес за информатика бара континуитет и правилно насочување. Токму затоа ни е особено важно што голем дел од наградените ученици се дел од нашиот Детски едукативен центар, што е потврда дека кога талентот се препознава и се развива системски, резултатите се неизбежни - изјави Елена Петковска, раководител на Детскиот едукативен центар.

Натпреварот обедини ученици од основно и средно образование, од шесто одделение до четврта година, кои ги демонстрираа своите знаења и вештини во информатиката, алгоритамското размислување и програмирањето. Како значајна платформа за млади информатичари, овој настан континуирано придонесува кон препознавање и насочување на идните ИТ професионалци.



На свеченото отворање се обрати Валентина Тасева, генерален директор на Семос Едукација, која ја нагласи важноста од континуирано вложување во знаење и развој на млади таленти – пристап што компанијата доследно го реализира преку своите едукативни програми.

Со ваквите иницијативи, Семос Едукација не само што дава поддршка на млади талентирани ученици, туку и активно придонесува кон создавање генерации кои ќе го движат дигиталниот развој на земјата.